„КОНФЛИКТОТ ОД 2001 БЕШЕ ИЗВЕДЕН ОД НАСИЛНИЦИ КОИ САКАА ДА ГРАДАТ ДРЖАВА ПО МЕРКА НА МАФИЈАТА“: Професорката Најчевска со став за воениот конфликт во земјава
Професорката Мирјана Најчевска изрази став дека конфликтот во 2001 година, бил акт на тероризам од структури кои сакале државата да се изгради по мерка на мафијата.
„За мене конфликтот од 2001 година беше акт на тероризам поттикнат и овозможен од глупи владејачки структури во Македонија (кои немаа појма што се човекови права и слободи и како се гради демократија на граѓански основи) и изведен од страна на група насилници кои ја искористија коњуктурата (и кои немаа намера да градат демократска држава, туку држава по мерка на мафијата спакувана во етнички целофан).
Резултат на овој конфликт е назадување на Македонија на сите полиња и заглавување во ќорсокакот на назионализмот, корупцијата и криминалот.
Не, конфликтот во 2001 година не донесе ништо добро за никого (независно од етничката припадност)“, напиша таа.
