Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОНФИСКУВАНИТЕ СТАНОВИ НА МИЈАЛКОВ: Ги купи син му

КОНФИСКУВАНИТЕ СТАНОВИ НА МИЈАЛКОВ: Ги купи син му

Конфискуваните станови на екс директорот на УБК, Само Мијалков ги купил неговиот син. 

„Бест веј инвестмент“, фирма во сопственост на Јордан Мијалков, е новиот сопственик на трите стана и гаража на Водно, а кои беа конфискувани од неговиот татко, Сашо Мијалков, со случајот „Империја“, пишува Призма.

Во ноември овој имот беше продаден на јавно наддавање преку Агенцијата за управување со одземен имот, каде беше свикана и прес-конференција на која тие тврдеа дека биле заплашувани од сопствениците на имотот при самите обиди за продажба.

Се работи за два стана на улицата Славејко Арсов од 73 квадрати кои се продадени по 102.000 евра, оној од 78 квадрати за 107.000 евра, а за гаражата од триесетина квадрати, фирмата на Мијалкови платила 20.000 евра.

Слично

Поврзани вести