Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коневски: Заев во Швајцарија откри дека ќе го менува Уставот

Коневски: Заев во Швајцарија откри дека ќе го менува Уставот

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со жестоките напади против Зоран Заев кој на собир на дијаспората во Швајцарија говореше за подобрување на меѓуетничките односи и за релациите со соседите на Македонија кои не се на најдобро ниво.

- Аболицираниот криминалец Зоран Заев пред албанската дијаспора во Швајцарија ги откри крајните мотиви на пучот и двегодишната криза во која што ја втурна Република Македонија, истакна на денешната прес-конференција Ивица Коневски Претседател на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговите две основни цели кои јавно ги обзнани се редефинирање на државата и менување на уставниот поредок и уривање на позициите на Република Македонија во споровите што ги има со соседите, вклучувајќи го и прашањето за името, вели Коневски.


Слично

Поврзани вести