Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коневски прогласен за најдобар скопски градоначалник на онлајн анкета

Коневски прогласен за најдобар скопски градоначалник на онлајн анкета

Ивица Коневски предводникот на општина Аеродром од скопските гласачи е избран за најдобар градоначалник на општина во Скопје и се чини дека и натаму е омилен кај многумина. 

Од вкупниот број на гласови на прво место, според гласовите на скопјани е Ивица Коневски, градоначалникот на општина Аеродром, кој освои 27 проценти од гласовите, односно 3710 гласови. На второто место со 2540 гласови се најде градоначалникот на општина Карпош, а Андреј Жерновски е на трето место со 2256 гласови.

Понатаму, според резултатите од анкетата на ранг листата се наоѓаат градоначалниците на Чаир и Кисела Вода, а речиси незабележителен број гласови освоија градоначалниците на Сарај, Бутел, Ѓорче Петров и Гази Баба.


Слично

Поврзани вести