КОНЕЧНО: Викендов без дожд
За двата дена од викендов синоптичарите не најавуваат дожд. Слободното време можете да го искористите за прошетка на отворено.
Сончево време со мала до умерена облачност не очекува за денес, сабота според метеоролозите. Исто така, тие најавуваат и слаб до умерен ветер со променлив правец.
Утрата ќе бидат постудени со температури од 3 до 10 степени, додека дневните температури нa воздухот ќе се движат во интервал од 14 до 26 степени.
За вториот ден од викендот синоптичарите најавуваат потопло време и повеќе сонце и температури до 26 степен целзиусов.
Дожд според управата за хидрометеоролошки работи не очекува повторно од понеделник.
Слично
