Конечно, Тоше ќе добие достоинствено почивалиште какво што заслужува
Министерот за култура најави, премиерот денеска потврди.
Музичката легенда која прерано замина кај Ангелите ќе добие достоен вечен дом.
Со 10 000 милиони денари Владата ќе го уреди гробното место на Тоше Проески.
„Обезбедени се 10 милиони денари за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола, и исто толку пари за спомен обележје на Тоше Проески во Крушево“, рече премиерот на денешната прес конференција.
Претходната влада предводена од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски ветуваше, но набрзо се откажа од изградбата на споменик на пеачот со ангелски глас.
Собранието на Република Македонија во 2008-ма година, помалку од една година по неговата смрт, донесе одлука да се изгради меморијален споменик. Со средствата од буџетот, споменикот требаше да биде завршен за две години. Од тогаш поминати се 10 години, а Тоше се' уште "лежи" во гробот кој нема ниту надгробна плоча.
Гробот на никогаш непрежалениот Тоше Проески е во трошна состојба, нема ниту надгробна плоча, а прекриен е со тепих од "вештачка трева".
Десет години подоцна, Тоше се' уште се наоѓа во импровизирана гробница, во Гумење, над родниот град Крушево, како да е потполно заборавен.
Сега ова ќе се смени. Барем така ветува сегашната власт. Дали ќе го исполни ветувањето, ние со будни очи ќе следиме. Зошто, Тоше заслужи да има достоинствено вечно почивалиште!
