Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОНЕЧНО СЕ ОГЛАСИ АРСОВСКА: За Мицкоски рече дека таквите политичари се најголемото ѓубре на градот кое ќе го исчисти, а за Комунална нагласи дека од утре се ќе се нормализира

КОНЕЧНО СЕ ОГЛАСИ АРСОВСКА: За Мицкоски рече дека таквите политичари се најголемото ѓубре на градот кое ќе го исчисти, а за Комунална нагласи дека од утре се ќе се нормализира

Во прилог интегрално соопштение од изјавата по состанокот на кризниот штаб на град Скопје, од градоначалничката Данела Арсовска:

„Мафијашки структури веќе неколку дена ја блокираат работата на Комунална хигиена поради свои лични интереси.

Се работи за лица кои повеќе од 15 години работат само една смена и тоа трета смена во претпријатието, спротивно на Законот и колективниот договор.

Поголем дел од нив воопшто не се појавуваат на своите работни места и не ги извршувале своите работни обврски. Сега истите ја блокираа работата на комуналното претпријатие и не дозволуваа никој да ги извршува своите работни задачи.

Иако нема најавено штрајк и поголем дел од нив веќе не се вработени во претпријатието сепак тие извршија мафијашка блокада.

Морам да констатирам дека директорката Мазнева беше во право кога најави дека поради ова насилство врз граѓаните на градот Скопје ќе се појават стаорци по улиците - и тоа се случи. Погледнете ги само како инструирано и договорно настапуваат политичките партии. Вчера ниту институциите не успејаа да ја прекинат незаконската блокада на претпријатието. Ова е уште еден знак дека во Македонија не функционира правната држава.

Од овие причини веднаш е ставен во функција кризен штаб од скопските јавни претпријатија кој има за цел да ја одржува хигиената во главниот град кои се излезени на терен и активно чистат. Јавното претпријатие Комунална хигиена веќе се враќа во нормала, функционира смената се надеваме дека веќе од утре ќе работи со целосен капацитет.

Град Скопје и покрај сите блокади и пречки ќе продолжи со реализацоја на програмата, нема да дозволиме личните интереси на малкумина, на мафијаши, бандити и нивните партиски пријатели да бидат пред колективните интереси на сите граѓани.

Заврши времето кога јавните претпријатија беа третирани како нечија лична приватна сопственост и наместо за интересот на граѓаните работеа во интерес на малкумина.

За крај сакам да додадам и да му порачам на Христијан Мицкоски дека е разобличен вечерва за тоа што со бескрупулозноста за евтини политички поени сака да креира проблеми за граѓаните кои потоа се претставува дека ги решава и расчистува. Таквите политичари се најголемото ѓубре на градот кое ние ќе го исчистиме“ рече градоначалничката Арсовска.


Слично

Поврзани вести