Економија, финансии, бизнис

Контакт

Конечно позната дилемата дали Јанкулоска му искоментира на статусот на Груевски

Конечно позната дилемата дали Јанкулоска му искоментира на статусот на Груевски

Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, негираше дека му искоментирала на статусот на Никола Груевски, кога екјс-премиерот објави на Фејсбук дека добил азил од Унгарија.

На прашањето од  ТВ21 дали  коментираше на статусот на фејсбукот на поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, рече дека тоа не е вистина о дека се работи за лажен профил.

Иако коментарот е од лажен профил, доби над 500 лајкови, иако се потврди дека се работи за фото-монтажа направена на социјалните мрежи.

- Не, не, Бог да чува - кусо изјави Јанкулоска пред судското рочиште.

Не сакаше да коментира за поврзаноста на Сашо Мијалков и Миле Јанакиески со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.

Таа не одрече такво нешто, но рече дека нема доволно информации за да даде јасен став.


Слично

Поврзани вести