КОНЕЧНО ПОТПИШАНА ОДЛУКАТА ЗА НАБАВКА НА СЕНЗОРИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО ДИЈАБЕТЕС: Меџити имаше средба со претставници на дијабетичарите
Министерството за здравство има целосно разбирање за
ситуацијата во која се наоѓаат лицата со дијабетес во земјава и максимално се
заложува актуелните предизвици да бидат надминати.
Ова го истакна министерот за здравство д-р Фатмир Меџити за време на работната средба со претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари.
Министерот денеска ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на сензори за континуирано мерење шеќер во крвта за сите деца со дијабетес, како и бремени жени и слепите лица, кои првпат ќе добијат вакви сензори.
Истовремено истакна дека по преземање на функцијата максимално ќе се заложи ваквите застои во набавките повеќе никогаш да не бидат случај.
Средбата се одржа откакоСојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија уште вчера најави дека вечерва со почеток во 19 часот ќе одржи предупредувачки мирен протест пред Министерството за здравство.
