Економија, финансии, бизнис

Контакт

Конечно поднесени обвиненија за несреќата кај Ласкарци

Конечно поднесени обвиненија за несреќата кај Ласкарци



Основното јавно обвинителство поднесе шест обвиненија поврзани со обвинети од „Дурмо турс“ за автобуската несреќа на патот Скопје - Тетово кај Ласкарци во која загинаа 16 патници и 38 се здобија со повреди. Уште од 2 јули минатата година сопственикот на претпријатието и шефот, кој патем не поседувал сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај, не го почитувале безбедносниот протокол пред да се преврти автобусот на 13 февруари 2019 и се обвинети за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот  За шестмина обвинети, кои во моментов се во куќен притвор, е побарано мерката да им се замени со притвор.

„Сопственикот на компанијата превозник единствено поседувал задолжителен сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај, како услов за добивање лиценца за вршење превоз на патници. Сепак, иако бил должен како одговорно лице, тој не организирал ниту пак трајно вршел контрола над исполнувањето на пропишаните услови за работа на возачите и на техничката исправност на возилата, со што постапил спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во исто време, тој не организирал ниту вршел контрола над целокупното работење на превозникот, не ги запознал возачите за придржување кон одредбите од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај, не обезбедил редовно преземање на податоците од тахографот и не водел евиденција и проверка на времето на управување со возилата за секој возач посебно. Иако знаел дека не смее, раководењето со возниот парк го препуштил на вториот обвинет, кој не поседувал сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај“, се вели во обвинението кое беше објавено во јавноста.

Шефот на возниот парк, како второобвинет,  давал насоки на возачите каде да го однесат автобусот за да се изврши манипулација на тахографот со цел да избегнуваат казни за сообраќајни прекршоци. Иако шпефот и сопственикот биле свесни, не превземале ништо за поправка на битните делови од системот за сопирање на автобусот затоа што газдата раководел сп здружение за технички преглед. 

Во превозникот не се водела соодветна евиденција на поправките на автобусите, на работното време, паузите и одморите на возачите, а возачите биле оставени сами меѓусебно да го организираат возењето и да водат сметка за сите обврски кои се должност на одговорното лице во превозникот. 

Три други лица, вработени во станицата за технички преглед, воочиле дека е неисправен ABS системот и дека постои недоволна ефикасност на кочењето од 32%, како и разлика од 56% меѓу силите на кочење меѓу левото и десното тркало на втората кочница од втората (погонска) оска. Сепак, во записникот за технички преглед не ги навеле овие неисправности и со свој потпис и печат го завериле записникот за технички преглед, прогласувајќи го возилото за технички исправно. 

Возачот  возел со недозволена брзина од 99 км/час. Преминал преку оградата и продолжил неконтролирано да се движи најпрвин преку средишното зеленило кое ги раздвојува двете сообраќајни ленти, преминал преку заштитната ограда за сообраќајната лента во спротивна насока и преку коловозот во спротивна насока. За ова време успеал да ја намали брзината на автобусот на 67 км/час пред да удри во последната заштитна ограда, но поради недозволената брзина и недоволно ефикасниот систем за кочење, излетал со автобусот 5,5 метри под нивото на автопатот, се излизгал преку регионалниот пат Скопје-Тетово и се превртел на покрив на земјена и тревна површина покрај патот.

Обвинителството денеска дополнително поднесе обвинение против лице кое вршело проверка и контрола над работата на тахографот во автобусот. Иако утврдил дека постои вграден уред за манипулација на апаратот, издал потврда и пополнил налепница со која ја потврдил исправноста и сообразноста со законски пропишаните барања. На овој начин тој му овозможил на „Дурмо турс“ да поседува доказ за исправноста на тахографот.


Слично

Поврзани вести