Економија, финансии, бизнис

Контакт

Конечно по два дена проработе интернет страницата на ДИК, но менито за резултати повторно падна

Конечно по два дена проработе интернет страницата на ДИК, но менито за резултати повторно падна

По два дена од одржувањето на предвремените парламентарни избори конечно проработе интернет страницата на Државната изборна копмисија, но менито кое го менаџира „Дуна“ каде што може да се видат резултатите и графиката од гласањето повторно падна иако утрово беше во функција.

Излезноста на овие избори била 51,34 отсто од гласачите, а гласале 942.334 граѓани, со 910.868 важечки, а избројани се 31.466 неважечки ливчиња. Излезноста по изборни единици е ИЕ1 - 52,56%,  ИЕ2 - 48,67%, ИЕ3 - 57,63%,  ИЕ4 - 60,19%,  ИЕ5 - 50,5% и ИЕ6 39,98%.

Најголема е излезноста во Крива Паланка со 72,46 отсто, пред Крушево со 71,0 и Новаци 70,76 проценти, додека најмала е забечежана во Центар Жупа и Маврово-Ростуше со 21,7, односно 29,94 отсто.

Менито покажува дека Коалицијата Можеме предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ и други 44, Демократската унија за интеграција (ДУИ) 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.

Најмногу за 120 часа ќе се знае дали некоја од партиите и коиалициите ќе добие пратеник плус откако започнаа да течат роковоиуте за приговори до Државната изборна комисија, по вчерашното соопштување на официјалните резултати.

Рокот за поднесување приговори изнесува 48 часа, а потоа откако ќе биде затворен, ДИК во следните 72 часа ќе мора да донесе одлука за жалбите и поплаките.

Според сегашните резултати, СДСМ и коалицијата „Можеме“ освои 46 оратенички места, пред ВМРО ДПМНЕ и „Обнова за Македонија“со 44 места во парламентот. ДУИ има 15 мандати, коалицијата Алијансата за Албанците – Алтернативна е со 12 места, додека Левица и ДПА имаат по два, односно еден.



Слично

Поврзани вести