Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОНЕЧНО НЕКОЈ СОГЛЕДА: Европарламентот бара бугарските министри да престанат со провокативни изјави за Македонија

КОНЕЧНО НЕКОЈ СОГЛЕДА: Европарламентот бара бугарските министри да престанат со провокативни изјави за Македонија

Провокативни изјави за историските прашања со земјава давале претставниците на бугарската Влада. 

Тоа стои во Годишниот извештај на Европскиот парламент за Северна Македонија.

Бугарската информативма агенција, БГНЕС, пишува.

„Вчера, во последен момент, групите на Зелените и социјалистите во ЕП доставија предлози за измени и дополнувања на извештајот со крајно неизбалансирана, еднострана и нефер содржина кон Бугарија. Во нив, претставниците на бугарската влада беа обвинети за „провокативни изјави за историски прашања“ што ја засегаа РС Македонија и ги повикаа бугарските власти да се воздржат од такви изјави „и покрај тековната изборна кампања во Бугарија“, се вели во текстот на БГНЕС. 

Според оваа бугарска новинска Агенција, „текстот, нарачан од скопските власти, оди дотаму што го поздравува „зрелиот и избалансиран одговор на овие провокации од страна на македонските власти на РС“.

БГНЕС ќе побара коментари и од известувачот, Илхан Ќучук, претставник на МРФ во Либералната група и од претставници на други политички партии од Бугарија во ЕП, се вели во текстот на овој бугарски медиум.

Инаку, оваа информација се однесува на најавените амандмани на редовниот извештај кои ќе се најдат на дневен ред во Европскиот парламент на 24 и 25 март.

Извештаите на ЕП за напредокот на земјите кандидатки се јасен израз на расположението на политичките сили во Европарламентот, иако се само од консултативен карактер, вели БГНЕС.  

Слично

Поврзани вести