Конечно летно сонце: Ќе има и повисоки температури
Викендов според синоптичарите ќе го имаме најтоплиот ден во годината.
За последниот работен ден од неделава, метеоролозите предвидуваат сонце со мала до умерена облачност.
Попладне во крајните источни
делови од земјата ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
УВ индексот ќе биде 9.
Дневните температури на водухот ќе се движат од 24 до 33 степени целзиусови.
Во Скопје се очекува слично време и максимални 30 степени.
Управа за хидрометеоролошки работи ги информира граѓаните дека под влијание на топла воздушна маса од југ следува период на значително
потопло време.
Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен
дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град.
Слично
