КОНЕЧНО ЌЕ ОСВЕЖИ: Денес топло и ветровито-утре пониски температури а во недела посвежо за околу 8°С
Денешниот ден почна со прилично висока температура, а ветровитоста ќе донесе пад на температурите.
Претпладне се очекува да почне да дува умерен северен ветер во северните делови од земјата, а нешто подоцна, околу пладне и во јужните краишта, додека во повардарието ветерот ќе биде засилен во попладневните часови.
Облачноста ќе расте со наголемувањето на денот а мали шанси за дожд се најавуваат во северните краеви односно на повисоките планински места.
Според метеоролозите денес во Македонија ќе биде со посвежо време, а температурите ќе се движат од 32°С и 35°С во северниот и западниот регион, до 34°С во северот на повардарието, а 35°С и 38°С долж јужните делови на повардарието.
Во главниот град се најавува поветровито време со облачност и температури околу 35°С додека утре се очекува доста посвежо време со пад на температурата.
За 7°С-8°С посвежо од денес ќе биде во недела.
