Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОДНЕСЕНИ СИТЕ ЛИСТИ: На изборите на 12 април ќе можете да гласате за 15 коалиции и партии

ПОДНЕСЕНИ СИТЕ ЛИСТИ: На изборите на 12 април ќе можете да гласате за 15 коалиции и партии

Вкупно 15 колаиции, односно партии, кои го исполнуваат условот за учество на парламентарните избори на 12 април до синоќа на полноќ, односно до истекот на последниот рок, ги доставиле кандидатските пратенички листи во Државната изборна комисија.

Со свои кандидатски листи во сите шест изборни единици и плус дијаспората ќе учествуваат  ДУИ, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“, политичката партија ИНТЕГРА,„Никогаш северна, секогаш Македонија“ и партијата Демократи.

За шесте изборни единици во земјава без дијаспората кандидатски листи до ДИК доставиле коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија и ДПА.

СДУ, ГДУ и Глас за Македонија нема да учествуваат во „шестката“, односно само за изборните единици 1, 2, 3, 4 и 5. „Твоја партија“ доставила кандидатски листи за изборите единици 1, 2 и 5.

Овие листи не се официјално потврдени, бидејќи ДИК ќе ги проверува дали предложените кандидати ги исполнуваат условите пропишани во Уставот и во член 7 став 2, 3 и 4 од Изборниот законик, преку соодветните регистри и евиденции на надлежните институции. 

Редоследот на избирачкото ливче понатаму ќе се утврдува со ждрепка најдоцна до 20 март, по што кандидатските листи ќе бидат официјално потврдени до 21 март.



Слично

Поврзани вести