Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кондовски подготви нова веб платформа по европски терк: Битолчани нема да зависат од социјалните мрежи за да комуницираат со мене!

Кондовски подготви нова веб платформа по европски терк: Битолчани нема да зависат од социјалните мрежи за да комуницираат со мене!

Со намера да ја унапреди комуникацијата со граѓаните, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски меѓу битолчани започна да дели негова картичка со QR код, со чие скенирање секој може да стигне до неговите веб страници.

Откако битолчани покажаа огромен интерес за пораките кои тој секојдневно ги споделува во директна комуникација со нив, преку медиумите и преку социјалните мрежи, Кондовски реши да оди чекор понатаму и да ја унапреди комуникацијата со јавноста по европски терк.

Како одговор на интересот на битолчани тој подготви голема интерактивна мултимедијална платформа преку која на најсовремен начин интерактивно ќе комуницира со граѓаните. 

„Битолчани веќе нема да зависат од социјалните мрежи за да ми пратат порака и да остварат комуникација со мене. Сега тоа ќе го направат брзо и лесно преку картичките кои ги добиваат лично од мене и на кои има QR код, со чие скенирање веднаш ќе се поврзат со мојата веб страница, како и со моите фан страници на социјалните мрежи.“-вели Кондовски.

Тој очигледно е практичен оперативец, кој ништо не остава на случајност. Така, додека завчерашниот пад на Фејсбук им предизвика проблеми на сите оние кои своите информации ги пласираат само преку социјалните мрежи, Кондовски успешно го амортизира ударот насочувајќи ги граѓаните на неговата веб страница www.hristokondovski.mk каде без проблем можат да ја следат неговата комуникација со јавноста, но можат и да остварат комуникација со него.

Неговата желба е да комуницира интерактивно и двонасочно, по европски и светски терк со граѓаните. Затоа настојува да го искористи неговото меѓународно искуство и да ја унапреди комуникацијата со граѓаните на тој начин што секој граѓанин со едноставно скенирање на QR кодот на картичката може да се поврзе со неговата веб платформа и да стапи во комуникација со него.

Ваквата пракса за комуникација со граѓаните на запад е раширена во владини агенции, медицински центри, саеми, во јавниот превоз и секаде каде има голем број корисници. Всушност, овој код веќе е универзален јазик за комуникација во развиениот свет.

Употребата на QR кодови е драматично зголемена во последните години, бидејќи овој код може да се прочита со било кој паметен телефон и да води до веб-страница со дополнителни информации, мултимедијални содржини, аудио и видео.

Токму таква комплексна платформа подготви Кондовски, со цел секој граѓанин до него да може да постави прашање, да даде своја сугестија и воопшто да започне директна и двонасочна комуникација.

Неговата веб страница е подготвена како одговор на огромниот интерес на битолчани кој се ислустрира со бројката од над 200.000 интеракции на неговата фан страница на Фејсбук и речиси 200.000 прегледи на видеата преку кои тој се обраќа до граѓаните.

Оттука, новата веб платформа која користи напредни технологии за комуникација, треба да биде одговор на тој интерес, а секој граѓанин да може да испрати и да добие порака во директна комуникација со Кондовски.

„Огромниот интерес да ги слушнат моите пораки уште повеќе ме обврзува. Затоа ќе останам отворен и достапен! Секој може да ми се обрати, да даде сугестија, да посочи на проблем! Заедно одлучуваме со граѓаните! Заедно ќе направиме Битола да биде поубаво место за живеење!“-порача Кондовски.

ПР објава

Слично

Поврзани вести