Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Концесионер на локалитетот Луке е РИ Енергетика Пела ДОО Скопје - сопственикот е донатор на ВМРО“: СДСМ со нови обвинувања

„Концесионер на локалитетот Луке е РИ Енергетика Пела ДОО Скопје - сопственикот е донатор на ВМРО“: СДСМ со нови обвинувања

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ! 

Ова го тврдат од опозициската СДСМ од каде денеска објавуваат дека иако „за рудникот со антимон во Крива Паланка Владата на Мицкоски рече дека здравјето на граѓаните ќе било приоритет, за што они пак тврдат дека „е некој бизнис на Мицкоски“, денеска со нова објава велат дека ја прикажуваат целата вистина.

- Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба. Граѓаните ќе видат, кој стои зад фирмите носители на концесиите на рудникoт за антимон во Крива Паланка.

Донатори на ВМРО-ОКГ. Да почитувани граѓани.

Она што Христијан Мицкоски се обиде да му го продаде на народот како наводен „државен интерес“ и стратешки дијалог со САД, всушност е само уште еден бизнис план.

Профит, пред здравје, бизнис пред народ. Одиме по ред.

Официјалните податоци од Министерството за енергетика откриваат дека моментален концесионер на локалитетот Луке е компанијата „РИ Енергетика Пела ДОО Скопје“.

Кој е сопственик на оваа компанија?

Ѓорѓе Качурков. Донатор на ВМОР-ДПМНЕ. Официјалните документи и финансиски извештаи недвосмислено го потврдуваат ова - истакнува портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа сподели и фотографии и истакна „ова е крунскиот доказ! Рудникот со антимон е бизнис дил, класична партиска концесија“.
- И уште еден факт. Договорот во Вашингтон го потпиша Ник Јовановски од австралиската „Пела глобал лимитед“.

Истиот тој Николче Јовановски кој уште во 2015 година, како застапник на фирмата на донаторот на ВМРО-ДПМНЕ, го потпишал договорот за концесија за локалитетот Луке.

Со ова мрежата е целосно разоткриена, а центарот на контролата е јасен.

Значи ВМРО-ОКГ е подготвена да го жртвува здравјето на граѓаните за профитот на своите спонзори. Дали е сега појасно? - прашува Кузеска. 
Потоа додаде дека „ова е уште една причина зошто мора да има референдум во Крива Паланка и да се прашаат граѓаните. Уште една причина зошто Градоначалникот Митовски мора даги слушне граѓаните а не Мицкоски“.

На крајот истакна дека здравјето мора да биде пред профитот на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.



Слично

Поврзани вести