КОНЦЕРТОТ НА DAVID GUETTA – THE MONOLITH ПО ПОВОД 35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ Е ОФИЦИЈАЛНО РАСПРОДАДЕН
Oд Авалон информираат дека официјално е распродаден целиот капацитет на Арена „Тодор Проески“.
Велат дека продадени се 50.000 влезници во помалку од 12 часа.
„Повеќе од 250.000 луѓе! , голем дел од нив во ист момент, се приклучија на avalonbooking.mk, што предизвика потешкотии при логирањето и купувањето влезници кај дел од корисниците, земајќи предвид дека побарувачката евидентно го надмина капацитетот и бројот на достапни влезници. Секој што има купено влезници ќе го добие својот PDF со влезниците најдоцна до недела (17 мај) имајќи предвид дека станува збор за 50.000 влезници кои треба да бидат процесирани. Би сакале да нагласиме дека статистиката покажува дека 93 отсто од влезниците се продадени на корисници од Македонија, додека останатите 7 отсто се продадени на корисници ширум светот. Се гледаме на 8 септември во Арена „Тодор Проески“, се вели во објавата.

Концертот ќе се одржи по повод Денот на независноста.
