Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кон крајот на следната седмица можни се рекордни температури во Македонија

Кон крајот на следната седмица можни се рекордни температури во Македонија

Според сегашните достапни метео анализи, не се исклучува можноста кон крајот на следната седмица температурите во најтоплите предели од Македонија да надминат и 45 степени, односно можно е да имаме рекордни температури дури до 46, 47 степени, објави Метеоаларм.

Опасниот топлотен Африкански бран во Македонија и во регионот ќе се задржи најмалку уште дестина денови и ќе донесе уште повисоки температури на воздухот. Во соседна Грција температурите се очекува да се искачат уште поблиску до  50 степени.

Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува околу, но и над 40 степени во текот на следната седмица, „тропските ноќи“ ќе продолжат минималните температури во главниот град, како и во централните и во југоисточните предели од Македонија во текот на следните ноќи нема да се спуштаат под 20 степени.


Слично

Поврзани вести