КОН Е ОПТИМИСТ: Ако постигнеме колективен имунитет од 70 отсто, ќе се збогуваме со короната, без оглед што ќе се случува во светот
Активноста на вирусот се намалува, но тоа што загрижува е Велика Британија. Ако кај кинескиот сој беше еден да зарази тројца, кај иднискиот е да зарази петмина од шест, вели српскиот епидемиолог Предраг Кон во телевизиско гостување.
Тој додава дека вакцините исто така штитат од индискиот сој, а намалениот број на инфекции се должи на вакцинацијата.
„Ако би се присилиле колективниот имунитет да го дигнеме до 70 отсто, тогаш би можеле да се збогуваме со вирусот, без оглед што ќе се случи во светот, рече Кон.
Доколку се достигне тој имунитет, нема повеќе да ја има оваа болест како загрижувачка, смета епидемиологот.
А српската премиерка, пак, Ана Брнабиќ, вели дека во Србија засега нема доволно вакцинирани лица за колективен имунитет.
На панел дискусија во Белград на фармацевтската компанија Хемофарм насловена „Година на промени во здравјето, пандемиите, лекциите“, Брнабиќ рече дека се вакцинирани само 17 проценти од популацијата под 30 години.
„Вакцинацијата е прашање на национална безбедност, а доколку не се вложат дополнителни напори Србија ќе остане една од најранливите земји кога станува збор за корона вирусот“, рече Брнабиќ.
