Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМУНАЛНИ ИНСПЕКТОРИ НА ТЕРЕН: Ќе се „ловат“ загадувачите во Аеродром

КОМУНАЛНИ ИНСПЕКТОРИ НА ТЕРЕН: Ќе се „ловат“ загадувачите во Аеродром

Скопски Аеродром е меѓу најзагадените општини. 

Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните општината реши да воведе комунални инспектори кои ќе работат во две смени и за викенд.

„Пријави загадувач“  е проект кој го започна општина Аеродром за почист воздух.

Имено, ангажирана е целата инспекциска служба, односно осум комунални инспектори и четири комунални редари, а активирана е телефонска линија за пријавување загадувачи, ‎075/316-515.

Оваа акција има за целда се детектираат и соодветно да се регулираат загадувачите на територијата на Општина Аеродром. 

Општината ги охрабрува граѓаните активно да учествуваат и редовно да пријавуваат загадувачи на општинските инспекциски служби

Слично

Поврзани вести