Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комунална хигиена: Собрани 350 тони ѓубре, општините не направија ништо

Комунална хигиена: Собрани 350 тони ѓубре, општините не направија ништо

Скопското претпријатие „Комунална хигиена“ објави дека во текот на вчерашниот ден биле подигнати вкупно 350 тони комунален отпад.

„Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје
спроведе активности за собирање и транспорт на комуналниот отпадот од
контејнерите поставени на булеварот Гоце Делчев до хотел ВИП, булеварот
Партизански одреди, булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, улиците
Даме Груев и Џон Кенеди, како и на повеќе локации во скопската општина
Аеродром“,објави комуналното претпријатие.

Истовремено оттаму реагираат дека општинските градоначалници се сликаат само за ПР и дека всушнот,како што пишува во соопштението, не собрале никаков смет самоиницијативно.

„Би сакале да ја информираме јавноста дека досега немаме добиено одговор
од страна на градоначалниците на скопските општини каде го одлагаат
отпадот од наводните активности за собирање на комуналниот отпад што
тврдат дека ги спроведуваат во рамките на своите општини. ЈП Комунална
хигиена-Скопје во текот на денешниот ден не забележа дека е подигнат
отпад од страна на општинските комунални претпријатија во ниту една
скопска општина. Се прашуваме дали навистина и на кои локации се
одвиваат овие активности?“,додаваат од „Комунална хигиена“.

Слично

Поврзани вести