Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМУНАЛНА ХИГИЕНА НЕ МОЖЕЛА ДА ГО СОБЕРЕ ЃУБРЕТО ВО ВЛАЕ: еве која е причината

КОМУНАЛНА ХИГИЕНА НЕ МОЖЕЛА ДА ГО СОБЕРЕ ЃУБРЕТО ВО ВЛАЕ: еве која е причината

ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ преку објава на Фејсбук информира дека поради непрописно паркирање во населбата Влае, во општина Карпош, специјалните возила за собирање комунален отпад немаат пристап до повеќе улици и контејнерски локации.

Од претпријатието предупредуваат дека ваквата состојба директно го попречува редовното и навремено собирање на отпадот, што создава ризик од нарушување на јавната хигиена и можни последици по јавното здравје.

„Апелираме до сите граѓани да не ги узурпираат улиците и јавниот простор со непрописно паркирани возила и своите автомобили да ги паркираат исклучиво на местата предвидени за тоа. Непочитувањето на сообраќајните правила, покрај прекршок, претставува и пречка за нормално функционирање на основните комунални услуги“, наведуваат од ЈП „Комунална хигиена – Скопје“.

Од таму додаваат дека јавната хигиена е заедничка одговорност и повикуваат на соработка.

„Само со меѓусебна соработка и почитување на правилата можеме да обезбедиме чиста, уредена и функционална средина за сите. Да покажеме одговорност кон заедницата и кон просторот во којшто живееме. Чист град значи грижа од сите нас“, се наведува во објавата.


Фото:Илустрација

Слично

Поврзани вести