Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Комунална хигиена“ ќе го чисти ѓубрето на студентите од „Пелагонија“

„Комунална хигиена“ ќе го чисти ѓубрето на студентите од „Пелагонија“

По жестоките реакции на социјалните мрежи со затекнатата некултура во студентскиот дом „Пелагонија“ откако осамна фотографија со големо количество на смет веднаш до самиот објект, се огласи ЈП „Комунална хигиена“. Од таму порачаа дека тие ќе се справат со проблемот, иако тоа не било нивна надлежност.

Од таму порачаа дека е донесена одлука ова јавно претпријатие утре да започне акција за расчистувањето на мини-депонијата која се затекна во дворот на домот во општина Кисела Вода.

Според реакциите на социјалните мрежи, отпадот бил фрлан во дворот од самите станари на „Пелагонија“

-И покрај фактот дека чистењето на ваквите површини не спаѓа во ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Претпријатието ќе ги спроведе овие активности, со цел да се спречи ширењето на зарази и да се заштити животната средина, соопштија од Комунална хигиена. 


Слично

Поврзани вести