„Комунална хигиена“ го исчисти скопскиот плоштад од донираните отпадоци
Доцна синоќа екипи на ЈП Комунална Хигиена - Скопје целосно го исчистија плоштадот “Македонија” во Скопје од донациите кои беа со несоодветна употреба за настраданите од катастрофалниот земјотес во Турција.
Волонтерска акција за собирање на хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија заврши вчера на овој пункт.
- Од плоштадот подигнати се неколку тони материјал кој не беше искористен како хуманитарна помош.
Им благодариме и на волонтерите кои активно се вклучија и во акцијата за чистење на плоштадот “Македонија”, информира скопското претпријатие.
Слично
