Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кому му се обрати Мицкоски - и вие што сте блиску до мене ќе се изгорите од мечот на правдата ако сте нанеле неправда

Кому му се обрати Мицкоски - и вие што сте блиску до мене ќе се изгорите од мечот на правдата ако сте нанеле неправда

Ако дојдеме на власт, ќе му слугуваме на народот, вети вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од вчерашниот партиски собир. 

„Што би бил јас ако прв не го применувам тоа што го барам од секој еден мој соработник. А се знае дека прво што треба да се направи е моралниот кодекс да се почитува  дома, во својот двор. И затоа постојано повторувам и велам дека секој кој е со мене од мојот тим мора да му слугува на народот, на граѓаните и на нашата земја. И дека мора да покажеме чесност и честитост, без ни малку ароганција, да покажеме дека сме подготвени  да се откажеме од секој кој се огрешил пред законот и пред народот, и дека нема вечни функции и дека државниот интерес е пред и над сите други интереси. Да се откажеме од секој оној кој греши, за да не грешиме пред народот. Македонија страда од тоа што квалитетните се маргинализирани. Не смееме да го повторуваме филмот на минатото, без оглед чива лента редиме на проекторот, на ВМРО или СДСМ. Ако се грешело сега и во минатото, знам суврен сум  дека во времето пред нас нема простор за грешки, нема простор за ниту една грешка“, порача Мицкоски.

Тој најави дека ќе донесе правда, која ќе стане нивни заштитен знак, бренд нејм. 

„И колку сега сме обвиени во неправда мојот мотив е уште посилен да се спротивставиме на мафијата и оној трул систем кој не влече надоле. Затоа што имаме неправда, пред се кон обичниот народ кој е заглавен низ судските лавиринти, кој трпи не само законска туку и морална неправда. Не смее да имаме невини луѓе во затвор, патриоти кои се таму само затоа што ја сакаат Македонија, да имаме по затворите луѓе кои ограбиле трафика со повисоки казни од оние кои го ограбиле народот. Да имаме на слобода криминалци кои не се појавуваат во општеството како криминалци тука како успешни деловни луѓе, а се обогатиле на грбот на напатениот народ. Не браќа и сестри, тоа не може веќе така. Доста е. Нема малку или многу правда. Таа е апсолутна, таа е единствена и безмилосна. И еве тука сите вие и ви велам дека мора да биде така, да се избориме за правда, затоа што ќе немаме друга шанса. Правдата пред и над се“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Им порача и на оние што се блиску до него. 

„Знам дека по преземањето на власта вие што сте блиску до мене сега, ќе има такви кои ќе се изгорите од мечот на правдата зошто сте нанеле неправда, и ви кажувам сега за да знаете дека нема да има изговори утре колку и тоа да било болно за нас, одговорност мора да има за секого. Правдата значи и одговорност, одговорност за секој направен престап, за секое огрешување кон законите и посрамување пред граѓаните. И тоа мора да го знаат сите функционери сега од оваа власт на Зоран Заев, Заевова власт. Но, потсетам треба да знае и самиот Зоран Заев и тука амнестија не му помага. Но тоа треба да го знаат и сите идни функционери во новата влада на ВМРО ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

Не смее повеќе, рече, на политиката да се гледа како извор на богатење, затоа ќе донесеме закон за испитување на потекло на имотот на функционерите и нивните семејства. Да видиме кој се збогатил со труд, а кој со крадење, а украденото оди назад кај граѓаните.


Слично

Поврзани вести