Кому му се обраќа поранешниот помошник министер за внатрешни - „Ве мразам лопови“
Фејсбук статус на Томе Милошевски, поранешен началник во МВР и поранешен помошник министер, предизвика голем интерес во јавноста. Тој пишува „Ве мразам лопови“, со бројни критики за нечие однесување.
„Ве мразам, лопови.
Ми се гадите, одвратни сте ми, и ви посакувам се најлошо. Вас што крадете наши пари, наш труд, наши идеи, нашето време, нашата иднина. Вас кои ништо свое немате или ви се чини недоволно добро. Вас кои лажете дека сте стручни, а не сте, вас кои им ги крадете од подобрите работни места и вас, кои им ги крадете шансите за пристоен живот.
Мака ми е од вас, мразам се што претставувате и се што им правите на поединци и на сите граѓани во целина.
Вие ''не сте се снашле'', вие сте украле.
Сте присвоиле нешто што им припаѓа на сите.
Со тоа се фалите, тоа ви е единствен успех во животот.
Поради вас, се што е добро во државата е пореметено, секој кој има нешто добро да каже е замолчен и тргнат на страна, и секој чесен човек е лишен од правото на достоинствен живот.
Ве мразам лопови, бидејки сте најлошиот талог, и газењето преку лешеви ви е нормална и секојдневна работа. Друга и немате.
Нема да ми биде воопшто жал кога вашиот лоповлук ќе ви се удри од глава, кога сами со својата неспособност ќе се откриете, а вашите заштитници ќе ви го свртат грбот.
Ве мразам и воопшто не мислам дека е тоа погрешно.
Нема да дојде по вас никаква прада, неа ја нема, ја заболе неа левото маде за група болесници, а и овие другите, кои молчејќи ве подржуваат.
По вас ќе дојдат вашите тапкачи, кога следните лопови ќе им понудат поголем залак.
Е тогаш сте готови....“
Ова на Фејсбук го напиша Томе Милошевски, односно на неговиот профил со име Томас Џеферсон, долгогодишен началник во МВР и поранешен помошник министер. Тој на јавноста и е познат од времето кога во мај 2015 година, за време на најголемите протести против тогашната владејачка гарнитура, побара од професионалците во МВР да и откажат послушност на екс министерката Гордана Јанкулоска.
„Ги повикувам сите полициски службеници, во Бирото за јавна безбедност, во УБК и во другите Сектори, кои се професионалци во МВР и кои размислуваат со своја глава, веднаш да ѝ откажат послушност на врхушката на МВР и Гордана Јанкуловска. Нека ви биде јасно дека секоја нивна наредба е кривично дело, за кое се одговара, согласно позитивните законски прописи и Уставот на Р. Македонија“, напиша тогаш Милошевски.