КОМУ МУ СЕ БРЗА: Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ побара избори
Што побргу одиме на избори ќе биде подобро. На новите избори секој од нас и сите нови пратеници ќе имаат одговорност затоа што тоа го ветиле, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија.
„Можеби овие пратеници имаат одговорност затоа што нешто ветиле“ – рече Стевананџија реплицирајќи му на премиерот Зоран Заев.
Тој тврди дека ниту еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, нема да гласа за да го поддржи Договорот.
Заев претходно рече дека граѓаните ги бираат лидерите за да носат одлуки, но граѓаните не се секогаш до крај подготвени или не сакаат да ги носат одлуките и затоа бираат функционери.
Заев, на денешната комисиска расправа испрати апел до пратениците од опозицијата да размислат, како што рече, до самиот крај пред носењето одлука за уставните измени со кои ќе се спроведе Договорот со Грција. На претходен говор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков, дека е најстрашно да се менува името спомнато во Библијата, Заев возврати дека името само се појаснува.
Слично
