Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кому годинава му припадна наградата Мајка Тереза?

Кому годинава му припадна наградата Мајка Тереза?

Во Собранието денеска  на активистката Ленче Здравкин и сликарот Омер Калеши, им беше врачена државната награда „Мајка Тереза“ за 2018 година. 

Наградата се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човековата солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

„Ја искажувам мојата благодарност со мојата маленкост, оваа награда денес ја примив од вас, но јас со широко срце ќе кажам дека наградата ја заслужија и граѓаните на Велес, Скопје, Охрид, Тетово и сите градиви во Македонија. Наградата е цела Македонија“- вели Здравкин, која им помагаше на бегалците кои минуваат покрај нејзиниот дом. 

Вели дека граѓаните покажале дека иако сме мала земја, сме хумани. 

Колеши потенцира дека тој и Мајка Тереза имаат три слични работи: двајцата се родени во Македонија, двајцата се занимавале со човекот, таа се занимавала со животот и здравјето на човекот, а тој со, како што кажа, главата и со душата на човекот. 

„Ние сме дошле на светот да се соединиме, а не да се одвоиме“- рече Колеши.     

Наградата се доделува од 2006 година на 26 август - денот на раѓањето на Мајка Тереза. 

Слично

Поврзани вести