Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМПЛЕТИРАНА УЛИЦАТА ЕСЕНИНОВА - Завршено новото собраќајно поврзување меѓу Аеродром и Кисела Вода

КОМПЛЕТИРАНА УЛИЦАТА ЕСЕНИНОВА - Завршено новото собраќајно поврзување меѓу Аеродром и Кисела Вода

Завршена изградбата на улицата Есенинова, која претставува ново сообраќајно поврзување на општините Аеродром и Кисела Вода, соопшти Град Скопје.

- Новата улица ги поврзува булеварите Борис Трајковски и Трета Македонска бригада и со истата ќе се намали сообраќајниот метеж кој се создава на крстосницата кај „Тутунски комбинат“.

Дополнително, изградена е нова водоводна и канализациона мрежа, поставено е улично осветлување и изградени се нови подземни  бунарски линиски системи кои се во функција со резервоар, пумпна станица и поврзување со хидрантска мрежа - посочуваат од градската администрација.


Од таму додаваат дека паралелно со градежните работи се изведоа заштитни огради и на крстосницата се постави нова светлосна сигнализација и соодветно обележување на хоризонталната сигнализација на коловозите.

Фото: Принтскрин/видео Град Скопје

Слично

Поврзани вести