Комплетен Балкан денеска не признава како членка на НАТО
Денеска со ратификацијата на Протоколот за пристап на Македонија во НАТО во парламентот во Романија се комплетира „признавањето“ на земјата како најнова членка на Алијансата на целиот Балкан.
Пред Романија, тоа претходно го направија Грција, Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска и Црна Гора. Од регионот единствено ќе недостига само уште ратификацијата во турскиот парламент.
На пленарната седница во романскиот парламент ќе присуствува и претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој од вчера престојува во работна посета на таа земја придружуван од Панчо Минов.
Земјите- членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата.
Слично
