Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМПЛЕКСОТ „СВЕТИ НАУМ“ ВО ОХРИД ДЕНЕСКА ЌЕ „ВРИЕ“ ОД ВОЈСКА И ПОЛИЦИЈА - еве кои се причините и што треба да правите

КОМПЛЕКСОТ „СВЕТИ НАУМ“ ВО ОХРИД ДЕНЕСКА ЌЕ „ВРИЕ“ ОД ВОЈСКА И ПОЛИЦИЈА - еве кои се причините и што треба да правите

Свети Наум денеска во текот на неколку часа ќе врие од војска и полиција, а причина за тоа се вежби што ќе ги прави Армијата.
Полицијата ќе обезбедува, а ќе има и воено обезбедување, и се апелира до граѓаните да се почитуваат насоките на полициските службеници. 
Денеска (31.07.2024) од 11 до 14 часот и утре (01.08.2024) од 12 до 14 часот , на дел од просторот на комплексот „Св.Наум“ во Охрид, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро кај комплексот „Св.Наум“, ќе употребат атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на Полициската станица Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој настан“, се вели во соопштението од СВР Охрид.
Фото: Принтскрин 

Слично

Поврзани вести