Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комплексот „Македонско село“ ги рашири вратите за туристите

Комплексот „Македонско село“ ги рашири вратите за туристите

Уште едно место плус за странските туристи.

Комплексот „Македонско село“  распослан на 2.000 метри квадратни  во село Нерези во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“ официјално ги отвори портите за посетителите.

Автентичните куќи со традиционалната македонска архитектура може да соберат 100 гости кои ќе може да уживаат во хотел, ресторани и дополнителни содржини.

Со објектот стопанисува Компанијата „Тинекс“ која ќе биде негов концесионер во следните 20 години.

Надлежните задоволни од комлексот велат дека ќе се зголеми бројот на туристи кои на едно место да ја видат цела Македонија во мало, нејзината историја, традиција, архитектура, култура и да уживаат во гастрономијата и македонското вино.

Слично

Поврзани вести