КОМПЈУТЕРЏИИТЕ НЕ СЕ СИМНУВААТ ОД ТРОНОТ – еве кои се највисоките ТОП пет плати, но и најниските пет плати
Компјутерџиите остануваат на пиедесталот во Македонија ако се гледаат нивните примања. Извесен период нивните плати отскокнуваат од просекот, но и од останатите повисоките плати во земјава, а далеку многу повеќе од минималната плата.
Според последните податоци на Државниот завод за статистика вработените во секторот Компјутерско програмирање и сродни дејности имале плати кои надминуваат 100 илјади денари. За споредба, просечната плата во мај достигна 45.796 денари.
Веднаш зад нив се вработените во сектор Воздухопловен транспорт, па следуваат оние во фармацијата.
Согласно последните податоци листата ТОП ПЕТ највисоки плати е следнава:
Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности 101.765 денари
Воздухопловен транспорт 65.583,
Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати 64.998,
Складирање и помошни дејности во превозот 64.109,
Научно истражување и развој 77.067 денари.
За разлика од ТОП ПЕТТЕ највисоки плати, во Македонија и понатаму има работници со ниски примања. Нивните плати не достигнуваат до просекот кој е карактеристичен за нашата земја.
Бројките покажуваат дека убедливо на дното на листата на плати се вработените во Македонија се оние кои работат дејности со кожа, но и дејности поврзани со одржување на згради или одржување на животна средина...
Еве ја листата со ТОП ПЕТ најниски плати:
Заштитни и истражни дејности 25.387,
Рибарство и аквакултура 28.198,
Производство на облека 29.819,
Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата 29.349,
Производство на кожа и слични производи од кожа 29.685 денари.
П.О.
