Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМПЈУТЕРЏИИТЕ ГО ЗГОЛЕМУВААТ ПРОСЕКОТ НА ПЛАТИТЕ – убедливо со најголеми приходи, еве во кои сектори се највисоките и најниските примања во Македонија

КОМПЈУТЕРЏИИТЕ ГО ЗГОЛЕМУВААТ ПРОСЕКОТ НА ПЛАТИТЕ – убедливо со најголеми приходи, еве во кои сектори се највисоките и најниските примања во Македонија

Компјутерџиите убедливо со најголеми плати во Македонија. Во последниве месеци нивните примања значително отскокнуваат над повисоките плати во земјава, а далеку многу повеќе од просечната и минималната плата.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во месец мај вработените во секторот Компјутерско програмирање и сродни дејности имале плати кои надминуваат 95 илјади денари. За споредба, просечнат аплата во мај достигна 41. 252 денари.

Она што изненадува во последниот извештај на статиска е фактот дека вработените во воздухопловниот транспот, кои исто така вообичаено имаат меѓу највисоките плати, овој пат не се најдоа ниту на листата топ пет најголеми плати во Македонија.

Согласно последните податоци листата ТОП ПЕТ највисоки плати е следнава:

Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 95.660 денари

Телекомуникации – 63.879 денари

Научно истражување и развој – 63.074 денари

Останати стручни, научни и технички дејности – 62.612 денари

Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 61.628 денари.

За разлика од претходните месеци, вработените во сектор воздухопловен транспорт се најдоа на седмата позиција со просечна плата од 57.742 денари, а пред нив се вработените во сектор складирање и помошни дејности во превозот со 60.993 денари.

За разлика од ТОП ПЕТТЕ највисоки плати, во Македонија и понатаму има работници со ниски примања. Нивните плати не достигнуваат до просекот кој е карактеристичен за нашата земја.

Бројките покажуваат дека убедливо на „врвот“ со најниски плати во Македонија во месец мај се вработените во сектор заштитни и истражни дејности, па  ветеринарсните служби, производство на мебел...

Еве ја листата со ТОП ПЕТ најниски плати:

Заштитни и истражни дејности – 22.128 денари

Ветеринарни дејности – 28.669 денари

Производство на мебел – 29.095

Производство на кокс и рафинирани нафтени производи – 29.308

Дејности за подготовка на оброци и служење на храна – 29.543.

Последните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесува 41.252 денари и е за 13,1 отсто повисока отколку во мај 2023 година.

Слично

Поврзани вести