Економија, финансии, бизнис

Контакт

Компанијата на Дрин Ахмети бара извинување од Ковачки: лажни тврдења прават штета

Компанијата на Дрин Ахмети бара извинување од Ковачки: лажни тврдења прават штета

По утринската пресконференција на пратеникот од редовите на ВМРО - ДПМНЕ, Драган Ковачки, во која посочи дека фирмата на внукот на Али Ахмети, Дрим Ахмети, Тор Индустри е вклучена и во изградба на коридорот 8, како подизведувач, со реакција се јавија од компанијата. 

- Во врска со видео-изјавата на членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Драган Ковачки, објавена на Јутуб каналот на ВМРО-ДПМНЕ, со наслов „Ковачки: Внукот на Али Ахмети со фирмата која ја купи Соравија работи на Коридор 8“, сакаме да ве информираме дека се работи за комплетна невистина и погрешна пласирана информација во јавноста. „Тхор Индустриес“ ги демантира сите невистини искажани од господинот Ковачки.

Ваквите лажни тврдења прават штета на компанијата „Тхор Индустриес“, како и на личниот углед на сопственикот Дрин Ахмети. Исто така, „Тхор Индустриес“ бара јавно извинување од страна на ВМРО-ДПМНЕ и господинот Ковачки, во спротивно ќе ги превземе сите правни дејствија за претрпената штета од невистините изнесени од страна на господинот Ковачки - се наведува во нивното соопштение. 

Фото: Принтскрин/ВМРО-ДПМНЕ

Слично

Поврзани вести