„КОМПАНИЈАТА ДЕСЕТ ГОДИНИ УСПЕШНО ИЗВЕЗУВА НА ПАЗАРОТ ВО ИРАК“: Пецовски за работењето на Реплек во Бизнис муабети
Компанијата „Реплек“ е присутна на пазари каде другите компании од регионот воопшто не се присутни како што е пазарот во Ирак, каде компанијата е меѓу трите најсилни компании кои таму пласираат свои производи, таму нема ниту една компанија од околината.
Генералниот директор и акцинер во „Реплек“, Душан Пецовски, во поткастот „Бизнис Муабети“ на Фактор отворено зборува за својот успех во Ирак, каде се присутни 10 години.
Тој исто така посочува дека за освојување на пазарите се борат со компании кои се дел од некогашната југословенска држава.
Пецаков за „Бизнис муабети“ открива дека дивидендата на оваа фармацевтска компанија е предвидлива и дека секоја година 10 отсто од нето добивката се распределува како бонус награда за 430-те вработени.
- Имаме 430 вработени и 31 милиони евра приходи во 2024, а од тоа 23 милиони се од странскиот пазар. 3,5 милиони евра ќе изнесува нето добивката за минатата година. Ние сме во циклус на динамично и агресивно инвестирање, а 10 проценти од нето добивката ја распределуваме доброволно како награда за своите вработени. Им даваме директно учество во добивката, вели претседателот на Управниот одбор на „Реплек“.
Пецовски заедно со новото раководство го предводи „Реплек“ од пред три години, по долгогодишното менаџирање од страна на семејството Туџарови. Вели дека од тогаш двојно се зголемени приходите на компанијата.
Целиот разговор меѓу колегата Мишко Иванов и Генералниот директор и акцинер во „Реплек“, Душан Пецовски, во поткастот „Бизнис Муабети“ на Фактор на овој линк.
