Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Компанија што носи стотици илјади евра добивка, одеднаш менува сопственик“: СДСМ за Ристов 'очигледно се знаело однапред'

„Компанија што носи стотици илјади евра добивка, одеднаш менува сопственик“: СДСМ за Ристов 'очигледно се знаело однапред'

Во бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката влегува уште една алка, уште една институција, Регулаторната комисија за енергетика. Мицкоски го избира Ацо Ристов на челото на Регулаторната комисија за енергетика. Тело кое ги носи сите одлуките за цените на струјата, на горивата, на енергенсите, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

- Кој е Ацо Ристов? Поранешен градоначалник на ВМРО во Радовиш. Сопруг на судиката Данка Ристова која предходно беше избрана за членка на Судскиот совет.

И најважното, бизнисмен во енергетиката, со хидроцентрали, исто како Мицкоски. Како сопственик на бизнис кој произведува струја и добива тарифи од државата, Ристов сега треба да носи одлуки во РКЕ кои ги диктираат токму тие цени и правила на пазарот.

Не е ова само конфликт на интереси, ова е бизнис операција која однапред била осмислена да се вклопи во бизнис мрежата на Мицкоски - нагласуваат од СДСМ.

Потоа додаваат дека „Ристов во изминтиот период се „ослободува“ од сопственоста во компаниите поврзани со изградба на мали хидроцентрали“.

- Компанијата што носи стотици илјади евра годишна добивка, одеднаш менува сопственик. И ја презема сметководителка од Радовиш, тотално непозната за секторот.

Дали е ова случајно?  Или е класичен пример на „чистење“ пред преземање на функцијата во РКЕ?

Ништо не е случајно, ова е внимателно плетена бизнис мрежа. Очигледно се знаело однапред - напоменуваат од СДСМ.

Потоа додаваат дека ова е уште една алка во синџирот што СДСМ веќе го разоткри:

- Почнувајќи од Адамовиќ, функционер на СНС, преку офшор структурите на Кипар и компаниите поврзани со енергетскиот бизнис, поврзаноста со „Руднап“, РЕК Битола, Развојната банка, Божиновска...

Сега во РКЕ.

Сите делчиња од својата мрежа Мицкоски ги намести.

Има свои луѓе од почеток до крај – од производство и увоз на струја, до продажба и банкарство.

Кој тоа ќе го плати? Народот.

Кога граѓаните ќе видат денеска високи цени на горивата, нека се сетат на бизнис мрежата на Мицкоски, кој ги предлага а кој ги добрува високите цени.

Кога ќе видат висока сметка за струја – тоа е позадината.

Сѐ е бизнис за Мицкоски - нагласи на крајот од пресконфренцијата Фрчкоски.



Инаку Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на досегашниот претседател Марко Бислимоски. 

Ристов со седум гласа „за“, два „против“ и ниту еден глас воздржан беше изгласан од членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Предлогот Ристов да биде нов претседател на РКЕ треба да биде изгласан на пленарна седница. 

Претходно Фактор објави дека Ристов „се откажува“ од стотици илјади евра годишно за да биде член на Регулаторна комисија за енергетика?


Слично

Поврзани вести