ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМПАНИИТЕ ЗА ТЕХНИКА НЕМААТ ТАЈНИ СТРАНИЦИ ЗА „СПЕЦИЈАЛНИ“ ТЕЛЕФОНИ: МВР алармира за нова измама на социјалните мрежи

КОМПАНИИТЕ ЗА ТЕХНИКА НЕМААТ ТАЈНИ СТРАНИЦИ ЗА „СПЕЦИЈАЛНИ“ ТЕЛЕФОНИ: МВР алармира за нова измама на социјалните мрежи

Министерството за внатрешни работи информира дека на социјалните мрежи во последните денови има лажна објава во која се тврди дека некои малоплодажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку „внатрешна програма” поради оштетена амбалажа. 

- Ве известуваме дека станува збор за измама со цел да се привлечат граѓаните да кликнат на сомнителни линкови или да остават лични податоци.

Доколку забележите ваква објава:  НЕ кликнувајте на линкови во вакви објави, НЕ споделувајте лични информации, НЕ потпаѓајте на приказни кои играат на емоции за да ви измамат доверба - апелираат од Министерството за внатрешни работи. 

Оттаму додаваат дека компаниите за техника немаат тајни страници за „специјални” телефони и не ги нудат производите преку социјалните мрежи или неофицијални канали.
 
- Доколку видите вакви објави, пријавете ги веднаш во најблиската полициска станица - апелираат од МВР до граѓаните и додаваат дека Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки и води постапки во врска со вакви измами.

ad
Слично

Поврзани вести