КОМПАНИИТЕ НА БОБАН ДЕЛУКС ИМААТ ОБРТ ОД 10 ДО 20 МИЛИОНИ ЕВРА: „Ние кои заработуваме повеќе луѓето не третираат како крадци“, бизнисменот Спасовски во „Бизнис муабети“ на Фактор
Бобан Спасовски, сопственик на Делукс Ауто и градежната
компанија УПМ Груп во Бизнис Муабети. Од старешина со подофицерски чин до
милионер. Неговите две компании денес прават обрт од 10 до 20 милиони евра.
Бизнис приказната на Бобан Делукс во „Бизнис муабети“
на Фактор во петок заедно со Мишко Иванов..
-Обичниот човек едноствано не може да сфати дека може да се заработат големи пари. Тие се мачат по цел ден, се качуваат на некое скеле, или ќе одат во некоја фабрика и самите се прашуваат, како јас цел живот со пот, а овој заработува милиони. Јас ги разбирам, имаат перцепција дека е невозможно. Сите ние што нешто повеќе заработуваме не третираат како лопови, они во вреќи ги претвораат парите...ова е само дел од „Бизнис Муабети“, целиот разговор ќе биде објавен во текот на утрешниот ден.
