Компанијата „М-6 ЕДЕН“ се „поднови“ со нови акции од винарската визба „Тиквеш“
Винарската визба „Тиквеш“ со објава на Македонска берза обзнани дека акционерот „М-6 ЕДЕН“ се стекнува со нови акции.
Од компанијата посочуваат дека согласно правилата за котација, известуваат за следната ценовно чувствителна информација.
- Согласно член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, известуваме дека акционерот Друштвото за инжинеринг и услуги М-6 ЕДЕН ДОО Скопје се стекна со 812 акции, со што сега поседува вкупно 18.468 акции односно 6,83 отсто од вкупниот број обични акции издадени од ВВ-ТИКВЕШ АД-Кавадарци - се посочува во објавата на берза.
Според податоците од Централниот регистар, Светозар Јаневски има 90 отсто од сопственоста над групацијата „М-6“ Доо со неговата „М-6 ЕДЕН“.
Слично
