Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комората ќе одлучува за психотерапевтот кој го навреди Заев и лицата со посебни потреби

Комората ќе одлучува за психотерапевтот кој го навреди Заев и лицата со посебни потреби

Комората на психолозите од Македонија свика седница на која треба да решава за случајот со психотерапевтот Јове Хаџиевски, кој со еден непристоен коментар на социјалните мрежи ги навреди лицата со посебни потреби и Зоран Заев.

Ваквата одлука следува откако тој на заедничка фотографија на Заев со лицата со посебни потреби ја претставуваа Македонија на специјалната олимпијада напиша „Конечно е меѓу своите“.

Веднаш откако се обелодени дека Хаџиевски е психотерапевт произлегоа и бурни реакции до Комората на психолози дека им ја валка професијата.

Комората тоа го осуди и се огради од навредливите ставови.

-Комората на психолози остро го осудува и се оградува од навредливи и дискриминирачки ставови објавени на праватен профил на ФБ од страна на член на комората, напишаа од таму.

Управниот одбор најавува соодветни мерки согласно етичкиот кодекс на психолозите.

Слично

Поврзани вести