Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Комитите“ му простија на Љубисав Иванов на денот на неговата смрт

„Комитите“ му простија на Љубисав Иванов на денот на неговата смрт

Навивачката група „Комити“ соопшти дека му простува за Љубисав Иванов Ѕинго на денот на објавувањето на веста за смртта на кратовскиот бизнисмен, кој во 90-тите години од минатиот век беше најомразен лик за фановите на најтрофејниот фудбалски клуб Вардар. Од таму велат дека му простуваат за се , бидејќи веста дека поранешниот градоначалник на Кратово е починат во моментов им буди спомени од едни убави времиња.

„Бог да го прости Љубисав Иванов...

Ова не е препеаната песна за Миле Поп Јорданов, која западот во полн сјај ја пееше, исполнет, сите со свеќи во рацете, назад во 90-тите...а денес е сеќавање на една борба со лик кој имаше различни сваќања за фудбалот од останатите, и од навивачите...

Вардар го надживеа, го надживеавме и ние, така ветивме, така и се случи, но сега се му простуваме...Ќе ти прости и небесниот наш Коп, затоа што сеќавањата на тие времиња не ни оставаат простор за ништо друго освен чувство на носталгија за убави моменти...

Почивај во мир Ѕинго...“гласи реакцијата на „Комити скопје“.

Вардар во првите три сезони од осамостојувањето на Македонија и формирањето на националната фудбалска лига беше неприкосновен, освојувајќи ги титулите без ниту еден пораз. „Комитите“ го сметаат Ѕинго, кој во меѓувреме стана претседател на Фудбалската федерација на Македонија и го финансираше фудбалскиот клуб Силекс, како најодговорен за подоцнежната стагнација и лошото управување на црвено-црните.


Слично

Поврзани вести