Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Комитите“ го одбија Пендаровски и му поставија неприфатливи услови

„Комитите“ го одбија Пендаровски и му поставија неприфатливи услови

Навивачката група „Комити“ практично ја одби официјалната покана на претседателот Стево Пендаровски за идејата фановите на спортското друштво Вардар да разговараат во неговиот кабинет во Вилата Водно откако го поставија условот за присуство само доколку „насекаде во документите пишува Република Македонија“.

Шефот на државата впрв чера во своето прво предновогодишно обраќање пред пратениците во Собранието по победата на претседателските избори рече дека до крајот на годината од неговиот Кабинет ќе бидат организирани серија средби на навивачките групи во кои се активни млади со различна етничка припадност за преку директни примери да им се покаже цената на насилството.

Навивачката група „Комити“ објави дека потоа биле контактирани од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски и биле поканети за присуство на средба со други навивачки групи, со цел "смирување на тензиите". Иницијативата била поздравена и било побарано официјално писмо и дополнително време за да изградат став.

„Такво барање не добивме, и на наше изненадување сега читаме по портали информации од типот "Претседателот ќе не собере и ќе не смирува".
Во текот на телефонскиот разговор ние ги соопштивме нашите предуслови кои доколку бидат пресретнати и испочитувани, не би имале проблем да дојдеме.
Бидејќи комуникацијата се префрла на едно сосема друго ниво, кое веруваме дека не е по протокол и дава една сосема друга димензија, би сакале да ги повториме нашите барања тука:

Во текот на средбата, во објектот каде би се одржала (првично во вилата на Претседателот на Водно) било каде и да е тоа, и во сите официјални документи и записи да стои името Република Македонија и никаква друга земја. Нашиот став по ова прашање е јасен, недвосмислен и многупати јавно искажан !“, објави навивачката група.

Од таму додаваат дека не би сакале да им бидат соговорници на фановите на Шкупи и Шкендија поради нивните, како што велат од таму, добропознати ставови.


Слично

Поврзани вести