Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комити за починатиот Дарко Смоковски: Не постои утеха која може да ја смири болката во овој момент

Комити за починатиот Дарко Смоковски: Не постои утеха која може да ја смири болката во овој момент

Навивачката група Комити Скопје на Фејсбук објави дека починал нивни член. 

„Го известуваме целокупното членство, како и сите навивачи и симпатизери на клубот, дека денес животот го загуби нашиот член Дарко Смоковски - Смок. Не постои утеха која може да ја смири болката која во овој момент сите ние ја чувствуваме. Останува сеќавањето, остануваат многуте заеднички приказни на Запад запишани, и останува твојата насмевка по која беше препознатлив. Насмевка која ниту смртта не може да ја победи! Упатуваме сочувство до семејството и до најблиските. Дополнително ќе ги соопштиме информациите поврзани со погребот“, пишуваат во објавата. 

Момчето е родено во 1999 година. 

Слично

Поврзани вести