„Комити“ тврдат дека прободеното 16-годишно момче е жртва на навивачка група
За денешниот немил настан во центарот на Скопје во кој со
нож беше прободено 16-годишно момче се огласија од навивачката група „Комити“,
која настраданиот го идентификува како свој член поради што побара МВР и
одговорните да ги најдат виновниците.
Фановите на клубот Вардар истакнуваат дека, причина за крвавиот инцидент бил фактот што повреденото момче
навивало за друг клуб во однос на напаѓачите, кои, според „Комити“, биле
членови на навивачката група „Шверцери“. Според нив, 16-годишниот навивач е во
болница каде што му се извршени неколку операции и се наоѓа во тешка состојба.
Тие најавуваат дека ќе заборават на сите навивачки правила и кодекси против тие што играат на валкан начин и дека ќе почнат да го применуваат принципот „око за око-заб за заб“.
