Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koмити повикуваат на масовен протест под мото „За Македонија се работи“

Koмити повикуваат на масовен протест под мото „За Македонија се работи“

Од навивачката група Комити вечерва повикуваат на мосовен протест пред Собранието во 20 часот за одбрана на името. 

„Ве повикуваме на масовна излезеност! Временските услови нема да не одвратат, ниту да не поколебаат од намерата да си ја браниме татковината. Во 20.00 часот сите пред Собрание за Македонија!!  Почитувани граѓани на Република Македонија, во овие тешки моменти за нашата татковина Македонија, која е жестоко нападната од внатрешни квинслизни и странски агресори, кои со сила и геноцидни методи сакаат да ни го сменат; идентитетот, нацијата, јазикот, историјата... Ве, повикуваме да ги оставите: вашите клубски обележја, партиските книшки, меѓусебните проблеми, заборавете на разликите помеѓу Вас. Ве повикува вашата Македонија да ја одбраните. Соберете ги вашите родители, браќа, сестри, роднини, пријатели. Дојдете денес пред Собранието на Република Македонија - да покажеме дека идеалот за слобода се уште живее во нашите срца“- стои во повикот на Фејсбук. 

Вчера македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа договор за името Република Северна Македонија. Ова поттикна мнгоу реакции во јавноста. 

Слично

Поврзани вести