Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комити организираат марш за Саздовски - се бара најстрога казна за сторителите

Комити организираат марш за Саздовски - се бара најстрога казна за сторителите

Навивачката група Комити вечерва организира протестен марш со кој ќе бара правда за нивниот член кој беше претепан и почина, Никола Саздовски - Саздо.

Тие во повик на Фејсбук објавија дека протестниот марш посветен на Никола Саздовски-Саздо почнува на  плоштадот во Автокоманда и ќе се движи до Основното јавно обвинителство, каде што ќе биде прочитано известување до јавноста за неправдата, а маршот ќе заврши пред МВР. Таму симболично ќе бидат запалени свеќи во чест на Саздовски.

Тие повикуваат на најдостоинствен и мирен начин да се изрази незадоволството за селективната правда и да се издејствува најстрога казна на сторителите на грозоморното дело. 

За претепувањето на 21 годишното момче се приведени две лица. 

По починувањето на момчето, граѓани палеа свеќи пред Собранието, а меѓу нив беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Слично

Поврзани вести