„Комити“ не сакаат националната арена да се вика „Тоше Проески“
Навивачката група „Комити“ се огласи со реакција во јавноста во која за нив неприфатливо е националната фудбалска арена во Градскиот парк во Скопје да го носи името „Тоше проески“.
Владата денеска на последната седница донесе одлука стадионот „Филип Втори“ да го носи името на славната поп-икона. Симпатизерите на фудбалскиот клуб Вардар бараат тој да го врати првичното име „Градски стадион Скопје“.
„Понесени од нагонот за преименување на сè што е гордост, традиција и Македонски идентитет, повторно се дрзнаа 'семоќните' да го преименуваат нашиот втор дом...
Но овој стадион секогаш бил, е и ќе биде "Градски Стадион - Скопје", Република Македонија !!!
'Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи?' - еднаш праша Маестро Тоше, но не му беше одговорено...
Прости им Великану, не знаат што прават!!!“, стои во реакцијата на „Комити“.
