Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комитетот за воздухопловни несреќи вели дека нема да дозволат истрагата за „Цесната“ да отиде во погрешен правец

Комитетот за воздухопловни несреќи вели дека нема да дозволат истрагата за „Цесната“ да отиде во погрешен правец

Нема да дозволиме истрагата да отиде во погрешен правец, велат од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и инциденти по падот на малиот авион пред два дена во кој леташе семејство на бугарски бизнисмен.

Георги, Гергана, Билјана и Калина Бошнакови се четирите жртви во авионската несреќа кај Солунска глава пред два дена. Се работи за семејство на бугарскиот бизнисмен со две деца, од кои едното е малолетно. Авионот од типот „Цесна“ со германски регистрации летал од Охрид кон Софија.

Од владиниот комитет велат дека нивната истрага не може да се темели на истраги од дадена претпоставка на бугарскиот амбасадор во Скопје како изјава дека на пилотот кој сакал да лета од Охрид до Софија му биле дадени погрешни метеоролошки информации. Денеска ќе дојдат роднини и блиски од Бугарија за да ги идентификуваат телата.

- Одговорот ќе биде целосен кога ние ќе ги добиеме информациите од метео-службата на охридскиот аеродром, па ќе видеме колку тоа влијаело да дојде до ваква несреќа. Претпоставката треба да се претвори во факт. Тоа што изјавил бугарскиот амбасадор за нас не е релевантно. Многу работи треба да се истражат за да се дојде до заклучок - изјави Зоран Илиевски, претседателот на Комитетот, кој го сочинуваат уште и поранешните пилоти Зоранчо Михајлов и Зоран Петковски

За носењето на остатоците велат дека е сериозен оперативен план и со припадниците на МВР се чека да се подобрат временските услови за да не се оштетат парчињата.

Се уште нема информација за тоа кој бил мотивот на пилотот да лета над Солунска глава. Не се пристигнати уште ниту податоците од Бугарија. Од Комитетот велат дека не се знае зошто се предомислил пилотот и се откажал од крајната дестинација што ја најавил - бугарската престолнина Софија.

- Би било многу неблагодарно да препоставувам за причината на несреќата пред да ги добиеме сите факти, од проверката на горивото, па се до најситното делче на паднатиот воздухоплов - рече Илиевски.

Вечерта не можеше да се оди поради лошите временско услови, но утредента бевме таму од 7 часот., со добра организација и координација и направени видеоснимки со професионален дрон и направени 700 фотографии ќе го завршиме нашиот дел од истрагата, велат од Комитетот.

Покрај тројцата членови на професионалното владино тело, ќе се ангажираат и надворешни експерти од домашните институции и компании и ако има потреба и од странство.

- Во комуникација сме со бугарските органи и двајца истражители ќе ни бидат на располагање, кои можат со наша одлука да бидат професионално ангажирани, а може да останат слободно да работат самостојно - додаде Илиевски.


Слично

Поврзани вести